Агенција за рамноправма редистрибуција на мито

logojob    facebook   twitter


pamfletpamflet1


Банкнота од 200 за мито за 6-ка на факултет


200200


Банкнота од 600 за уверение за неосудуваност

600600


Банкнота од 1000 за мито за операција


10001000


Банкнота од 2000 за мито за вработување во државна администрација


20002000





Оглас за вработување во АРРМ!

Врз основа на член 923 став (8) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник" број 432/15, 1299/19 и 270/19), член 28 став (2), алинеја 7 од Законот за работните односи („Службен весник" број 323/05, 161/03, 114/227 и 130/20), 
Агенцијата за рамноправна редистрибуција на мито објавува:

JАВЕН ОГЛАС
за вработување 1344 (илјада триста четириесет и четири) лица на неопределено време

Агенцијата за рамноправна редистрибуција на мито објавува објавува оглас за вработување 1344 (илјада триста четириесет и четири) лица на неопределено време на следниве позиции:

1. 13 обични советници на Директорот на Агенцијата за рамноправна редистрибуција на мито за областите: Давање и земање мито во образование, здравство, судство, државна администрација, политика во мирнодобски услови (употреба на службена должност) и политика во време на избори
2. 10 специјални советници на Директорот на Агенцијата за рамноправна редистрибуција на мито за областите: висока корупција во државната администрација со посебен акцент на давање и земање мито на тендери 
3. 33 надворешни советници на Директорот на Агенцијата за рамноправна редистрибуција на мито за областите: Давање и земање мито во образование, здравство, судство, државна администрација, политика во мирнодобски услови (употреба на службена должност) и политика во време на избори и висока корупција во државната администрација со посебен акцент на давање и земање мито на тендери
4. 1278 асистенти на обичните советници за областите: Давање и земање мито во основно, средно и високо образование, примарно, секундарно и терцијарно здравство, основни судови, апелациони судови, управен суд, врховен суд и уставен суд, сите министерства во Владата, сите единици на локална самоуправа и Агенции и комисии кои работат во склоп на државната администрација во Р.М.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните основни услови утврдени (за сите кандидати):
- Да е државјанин на Република Македонија, 
- Да е лице кое има дадено или земено мито во областа во која се пријавува, 
- Поголемо дадено или земено мито ќе се смета за предност.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да достават:
- Кратка биографија
- Писмо за мотивација

Работно време:
Од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот, од кои минимум 6 часа треба да се поминати на кафе, во кафана или во присуство на социјални мрежи.

Краен рок за пријавување 21 јуни до 16:30 часот. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.





Апликација за вработување


Име:

еПошта:

Кратка биографија во 200 или поламку збора:

Мотивациско писмо во 200 или помалку збора: